Корупција

Што е корупција на Балканот? Тоа е стил на живот. До коска, по вертикала и хоризонтала. Нема стил, нема живот. Ниту држава. Ок, нема нулта корупција никаде на планетава. Но во државите на Балканот( вклучувајќи ги Романија и Бугарија), тоа е стил на живеењето. Еден странец кој прв пат слетува во Скопје, шокиран!!

Ми вели, јас не сум видел толку џипови по улициве на Скопје, како во Виена и Рим заедно!!!Искрено, не верувам во перцепцијата дека Северна Македонија е најкорупираната држава во овој дел од светот според некои межународни анкети. Мала држава со 1.5 милиони резиденти, од кои 1 милион се зависници од месечни примања од буџетот по разни основи, е најбргу решлива. Затоа што едвај остануваат 250-300 илјади работници кои работат на “трака”.

Руди Лазаревски

Back to top button
Close