Корупцијата и цените на енергенсите најголеми ризици за германските инвеститори во Македонија


Германските компании остануваат на своите одлуки за инвестиции и со актуелните политички случувања во државава, но би имало повеќе инвестиции доколку бидат појасни реформите, изјави заменик-амбасадорот на Германија во државава Ото Граф на презентацијата на истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија АХК и Македонско-германското стопанското здружение.

Граф рече дека во последните седум месеци има нови побарувања за инвестиции во Македонија, од кои некои се мошне конкретни.

„И покрај тешката политичка состојба сепак тие компании се држат до своите одлуки, но сепак сметам дека би имало уште повеќе побарувања за инвестиции тука, доколку бидат појасни реформите, рече Граф.

Со ова, додаде тој, германските инвестици би се нашле некаде на врвот на новите инвестици.

„Мора да биде јасно дека реформите се првенствено за подобрување на животот на луѓето кои живеат тука. Досега имавме инвеститори што секогаш биле поддржани при решавање на стратешки прашања. Ако сакаме да имаме добра економска структура каде компаниите можат да се развиваат одлулувачки е да речеме во делот на администрацијата да имаме зголемена ефикасност бидејќи на тој начин би можеле да имаме повеќе инвеститори“, изјави Граф.

Германските фирми пак, кои веќе работата во земјава, не ја оценуваат најдобро економската состојба тука. Како најголеми ризици ги посочуваат цените на енергенсите, недостатокот на работна сила. Поголем дел не очекуваат некое подобрување, а само 9 отсто сметаат дека работата ќе оди на подобро. Сепак, се изјасниле дека повторно би инвестирале.

„Исто така тие се уште се незадоволни во однос на справувањето на корупцијата и правната сигруност. 71 отсто од испитаниците сметаат дека еден од ризиците се зголемените цени на енергенсите, но и правната сигурност, политичките рамковни услови“, рече Антје Ванделт, директор на Делегација на германско стопанство.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close