Кос: Очекуваме уставните промени во Македонија да бидат усвоени што поскоро
. Македонија се обврза да го промени својот устав. таму има локални избори наскоро и веројатно нема да бидат порано, но очекуваме да се случи што е можно поскоро, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Pобараа коментар за тоа дека Владата тврди дека нема да ги прифати уставните амандмани без гаранции од Бугарија и прашаа дали имало некои неодамнешни случувања во комуникацијата со двете земји и какви се ризиците од продолжен застој за Македонија во евроинтеграциите.
– С. Македонија е посветена на промена на Уставот. Наскоро очекуваме локални избори и поради тоа, веројатно нема да бидат порано, но очекуваме ова да се случи што е можно поскоро, рече Кос.
Во однос на билатералните прашања Кос рече дека мора да се направи сè што е можно за овие билатерални прашања да не влијаат на процесот на пристапување на земјите-кандидатки, но ова се случува одново и одново.
– Ова значи огромно вклучување од нас, од Европската комисија, но и од земјите-членки. И има многу други земји, не само Европската комисија, кои сега разговараат со Бугарија, а не со Македонија, рече Кос.