Кошта : Црна Гора е еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Подгорица изјави дека Црна Гора е „еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ“.

Кошта, кој е на својата прва турнеја низ земјите-кандидатки од Западен Балкан, го пофали напредокот на Црна Гора во реформите, усогласувањето со политиките на ЕУ, поддршката за Украина и рече дека би било добро доколку приемот на Црна Гора во ЕУ се случи дури и пред 2028 година.

„Сега клучот е да се одржи пристапот, да се задржи фокусот на целта и да не се забавува напредокот“.

Тој ја нагласи важноста од одржување добри односи со соседите, особено со оние земји кои веќе се членки на ЕУ.

По средбата со Кошта, претседателот Јаков Милатовиќ изјави дека Црна Гора сака да стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година и вети дека ќе продолжи со брзото темпо на реформи за да го постигне тоа.

 

„Нашата земја е горда што има статус на водечки кандидат во европските интеграции и ние сме решени да продолжиме по тој пат“, рече Милатовиќ.

 

Кошта рече дека „проширувањето на ЕУ е најважната геополитичка инвестиција во стабилноста, мирот и просперитетот на Западен Балкан и во цела Европа“ и дека проширувањето кон Западен Балкан, Молдавија, Украина и Грузија е „задача на ЕУ“.

На новинарско прашање за ставот на новата влада во Берлин дека нема проширување пред реформата во рамките на ЕУ, претседателот на Европскиот совет рече дека оваа нова позиција „не влијае на вашата можност за приклучување кон ЕУ“ бидејќи „Германија е се уште клучен поддржувач на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

Back to top button
Close