Кошта контактирал со Кремљ, се обидува да го вклучи Путин во разговорите за примирје

dПретседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, контактирал со Кремљ во обид да го вклучи рускиот претседател Владимир Путин во разговорите за тоа како да се стави крај на војната во Украина, изјавија за Блумберг извори запознаени со ситуацијата.
Според изворите, главниот советник на Кошта имал два разговора со висок руски функционер близок до Путин, со цел да се подготви теренот за „идни, посуштински контакти“.
Портпаролката на претседателот на Европскиот совет одби да коментира за тие обвинувања, додека Кремљ не одговори на прашањата на медиумите.






