Косово доби беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“ од САД
Беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“, купени од САД се испорачани во Косово минатата недела, објави денеска министерот за одбрана на Косово во технички мандат, Ејуп Маќедонци.
На социјалната мрежа Фејсбук, toj напиша дека Министерството за одбрана ги набавило тие беспилотни летала преку меѓудржавната програма и дека плаќањето за оваа набавка е извршено во 2021 година.
„Леталата „Puma“, покрај другите беспилотни летала, претставуваат уште еден неопходен капацитет за зајакнување на капацитетите на Косовските безбедносни сили (КБС) во областа на беспилотните воздушни системи. Соработката со САД во областа на одбраната постојано се продлабочува и проширува, придонесувајќи за развојот на нашата армија, како и за остварувањето на заедничките интереси на нашите две земји“.
„RQ-20 Puma“ е мало беспилотно летало напојувано со електрична енергија од батерии, а се лансира од рака. Неговата примарна намена е надзор и собирање разузнавачки информации со помош на електрооптичка и инфрацрвена камера