Косово со поголем број ново заразени од Македонија, 258 инфицирани од ковид-19 за едно деноноќие!

Во последните 24 часа, од вкупно извршени 480 тестови, 258 биле позитивни на ковид-19 – известуваат здравствените власти во Косово.

Најголем број заразени има во Приштина, Пеќ, Гњилане, Урошевац. Регистрирани се 16 починати пациенти, позитивни на ковид-19, во последните 24 часа. Вкупниот број на позитивни случаи во Косово е над 8.100.

Во последните 24 часа се излекувале 196 пациенти, а вкупно излекувани досега се 4.463 случаи. Активни случаи во земјата се 3.429 лица.

Back to top button
Close