Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА

Косовското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело обвинение за шпионажа против две лица кои, според пишувањето на медиумите во Приштина, биле соработници на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), пренесе Бета.

Во соопштението се наведува дека двете лица Б.Ш и М.К се осомничени за шпионажа и М.К. и за неовластено поседување оружје.

Обвинителството предложи продолжување на притворот на осомничените до завршување на судската постапка.

Медиумите во Приштина објавија дека обвинението е покренато против Бедри Шабани и Мухарем Ќерими, кои се во притвор од нивното апсење минатата година

Back to top button
Close