Косовски безбедносни сили тврдат дека „по грешка“ влегле во Северна Митровица

Конвој возила на косовските безбедносни сили (КБС) поминала низ Северна Митровица.

Колоната возила била беше снимена од граѓани, а снимката беше објавена на социјалните мрежи. Според договорот од 2013 година, припадниците на КБС не можат да влезат на северот на Косово без дозвола од командантот на КФОР.

Косовските безбедносни сили тврдат дека нивните членови „по грешка“ влегле утрово во Северна Митровица. Како што е наведено во соопштението, за време на движењето на колоната со возила на КБС од исток кон јужниот дел на Северна Митровица, членовите на КБС тргнале во погрешна насока.

Back to top button
Close