Косовски инвеститор на диво градел бунгалови во Леуново, доби кривична пријава

42-годишен косовски државјанин доби кривична пријава поради тоа што бесправно изградил осум бунгалови во Леуново, на Мавровското Езеро, соопшти полицијата.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Р.(42) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. Во периодот од 10.07.2021 до 20.09.2021, на место сопственост на хотел во с.Леуново, општина Маврово и Ростуше, Ш.Р., сопственик на фирма, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнал изградба на осум објекти – бунгалови од цврста градба“, се вели во полициското соопштение.

Медиумите минатиот месец известија дека во Маврово се градат 87 нелегални објекти и дека на националниот парк му се заканува градежно уништување.

Back to top button
Close