Косовско МНР: Судот во Скопје одлучи Блерим Рамадани да не биде екстрадиран во Србија
Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучи да не го екстрадира поранешниот припадник на ОВК Блерим Реџепи во Република Србија, информира косовското Министерство за надворешни работи, а пренесуваат косовските медиуми. Блерим Рамадани, беше уапсен во јули годинава на граничниот премин „Јажинце“ врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од страна на Република Србија. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.
Од МНР на Косово, како што пренесуваат тамошните медиуми, велат дека поранешниот припадник на ОВК ќе остане во домашен притвор во Скопје до правосилната пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Српскиот министер Ивица Дачиќ за време на посетата на гранишниот премин Табановце кон крајот на минатиот месец побара од властите во земјава да го екстрадираат Рамадани на Србија.
Барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК беше и една од темите за кои премиерот Христијан Мицкоски разговараше на последната посета со неговиот косовски колега