Коста К. идејата за масовното убиство ја добил кога гледал документарец. Не можел да објасни зошто решил да пука, освен што имал лоши чувства кон врсниците
Koста Кецмановиќ кој на 3 мај го изврши масакрот во О.У. „Владислав Рибникар“, вчера на распитот, кој траеше четири часа преку видео врска пред обвинителството изјави дека идејата да пука ја добил кога гледал документарен филм во кој се споменува масовно убиство, пренесува Telegraf.rs.
После тоа, на интернет пребарувал термини на тема пукање и убиства и анализирал што направиле „пукачите“ и каде, релативно кажано, „погрешиле“ во извршувањето на нивните страшни злосторства.
На вчерашното распит не можел конкретно да објасни зошто решил да пука, освен што имал лоши чувства кон врсниците.






