Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди! – истакна денеска во гостување на ТВ 24 градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

Направени се проверки во сите угостителски објекти во Струмица, ова е прв координиран настап во ваква форма на општинските инспектори. Констатирани се одредени неправилности, дадени се рокови и доколку до средина на јуни не се отстранат ќе пристапиме кон рушење на неправилните објекти, објасни денеска Костадин Костадинов.

 

 

 

Back to top button
Close