Градоначалникот на Струмица кој се најде ви жижата на јавноста со неговата реакција на навредите од Драган Павлович Латас на фејсбук им се обрати на тие што јавно ги повикуваат институциите и го „советуваат“ да му се извинел цитирајки членови од законот според кој требе да одговара за закани за убиство до како што велат „новинарот“ Латас.
Партијата ВМРО ДПМНЕ која застана во одбрана на Драган Павлович Латас ја потсетува дека тој се обратил за да ја одбрани честа не од „новинарот“ туку од „човекот“ Д.П. Латас за кој Струмица како што изјавил е Бугарски град.
Јас пишував за одбрана на честа, за семејството, за вистината. И ќе го правам тоа секогаш – гласно, исправено и достоинствено вели во обраќањето на фејсбук струмичкиот градонаќалник Костадинов
Кога ВМРО-ДПМНЕ одлучува да го стави во одбрана новинарот Драган Павловиќ Латас, треба прво да се погледне во огледало и да се праша: кого точно штити и на чив грб го прави тоа?

Истиот Латас, кој во својот подкаст ја нарече Струмица „бугарски град“.

Истиот Латас за кој постојат долго време јавни сомнежи, не само за злоба, туку и за сериозни обиди за сексуално насилство.

Истиот Латас кој денеска е гласноговорник на една партија, но и нејзин срам.
Во мојата објава немаше ниту збор за насилство, ниту повик за убиство. Тоа можел да го види само човек што во себе го носи тој мрачен нагон. Јас пишував за одбрана на честа, за семејството, за вистината. И ќе го правам тоа секогаш – гласно, исправено и достоинствено.
Моите зборови не беа упатени кон новинарот Латас, туку кон “човекот” Д.П. Латас!
Предлагам ВМРО-ДПМНЕ сериозно да се преиспита и да најде начин како ќе им објасни на граѓаните на Струмица, на цела Македонија – зошто стои зад човек што вели дека нашиот град е бугарски?
Како ќе го објаснат овој пад, пред своите гласачи, пред своите деца, пред историјата?
Ова не е само политички пораз – ова е етички срам.
Струмица нема да падне под туѓ јазик, туѓ симбол или туѓа етикета.

Нема откажување.

Ќе ја браниме и одбраниме честа на градот, како што нашите предци ја бранеа татковината.
А народот гледа. И не заборава.