Костадинов нареди вонредна темелна контрола на сите угостителски објекти во Струмица

Тој ова го објави на неговиот фејсбук профил, каде напиша дека денеска ги потпишува наредбите до сите општински инспекторати по кои веднаш соодветно ќе постапуваат.

– На состанокот со општинските инспектори, претставниците на Секторот за урбанизам и комунални работи и Даночното одделение се доворивме за започнување на заедничка вонредна темелна контрола на сите угостителски објекти (кафулиња и дискотеки) со темелна проверка на сите дозволи, решенија и согласности коишто треба да ги имаат од општинските органи. Таму каде што ќе се утврдат неправилности, а за кои ние сме надлежни, дури и кај што немаме надлежност како Општина ќе ги известиме државните органи, ќе им дадеме рок да се поправат, доколку тоа не го направат, ќе бараме да бидат затворени, се наведува во објавата на струмичкиот градоначалник.

Додава дека на состанокот е донесен заклучок дека ниту еден клуб за кој Министерството за економија издало согласност, а која не одговара со намената во Секторот за урбанизам, ќе следува соодветна пријава во СВР Струмица и Пазарната инспекција и кои ќе треба да одговорат како и зошто им дале лиценци за работа.

Костадинов денеска одржал и повеќе состаноци со директори, раководители и инспектори за преиспитување на правилниците, плановите, проценките од ризици од пожари, експлозии и други непогоди во сите училишта и градинки и притоа најмалку еднаш месечно да се прават вежби за евакуација и секое дете и персоналот да бидат подготвени и да знаат како да се заштитат.

Според струмичкиот градоначалник, сите заедно со професионално извршување на работните задачи и обврски и со почитување на законските обврски можеме да создадеме безбедна заедница и живот без страв за сите

Back to top button
Close