Костадинов прогласи победа во прв круг во Струмица

Кандидатот на СДСМ, Костадин Костадинов, прогласи победа во првиот изборен круг на локалните избори во Струмица. Како што рече, разликата е во 4.000 гласа, а воедно коалицијата има и мнозинство во Советот.

„Испративме порака до сите како да се може да се води кампања и да се победат избори со повеќе од 4.000 гласови разлика, без притоа да се спомнат опозицијата и противкандидатот. Ова е огромна поддршка која што значи и огромна одговорност. Ме обврзува да бидеме отворени за сите“, рече Костадинов.

Back to top button
Close