Костадинов: Сами ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар во градинките
Бидејќи дечињата згрижени во градинките под надлежност на Општина Струмица имаат потреба од негувателки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриевска-Кочовска и Министерството за труд и демографски политики на Фатмир Лимани одбија да ни дадат согласност за ангажирање на нови негувателки, ние сами ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на неговиот фејсбук профил.
Додава дека Општина Струмица и тој нема да дозволат никогаш дечињата да страдаат поради терање на партиски инает и непринципиелни предизборни агенди.
-Итен ребаланс на буџет само за тој основ е навистина неопходен, се работи за нашите деца! Очекувам дека за многу брзо време потребните негувателки и воспитувачи и технички персонал ќе почнат да работат со дечињата во нашите градинки, напиша Костадинов.
Инаку, вчера и денеска преку сопштенија за недавањето согласност за вработувања на негувателки и воспитиувачки се прекукуваат разграноците на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, обвинувајчи се меѓусебно за немањето доволен број кадри во градинките во Струмица.