Костадинов: Владата предводена од СДСМ, осигура да се влезат преку 200 милиони евра кај граѓаните и домашното стопанство

 

Губитникот на три изборни циклуси, Христијан Мицкоски продолжува со несериозниот, незрел и неодговорен однос спрема државата и граѓаните. Освен што не научил ништо од поразите од граѓаните, Мицкоски никако да научи економија.

Показател за нашите економски политики и резултати сигурно не е ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на најголемата глобална здравствена и економска криза, задолжувањата беа со една единствена цел – да осигураме непречено функционирање на економијата, редовна исплата на пари кон граѓаните, плати, пензии, социјални трансфери, како и справување со здравствените, но и со економските предизвици од кризата со Ковид-19 вирусот.

Со обезбедените средства зачувавме над 120,000 работни места со обезбедување на минимална плата за вработените во износ од 90 милиони евра.

30 милиони евра обезбедивме за граѓаните преку платежните картички, со која ја зголемивме приватната потрошувачка а со тоа го подржавме и домашното стопанство. Обезбедивме и речиси 12 милиони евра ваучери за граѓаните со што го поддржавме домашниот туризам и компаниите од туристичкиот сектор.

13 милиони евра обезбедивме за бескаматни кредити за поддршка на македонските компании од најпогодените сектори, како и 51 милион евра евтини кредити за домашните компании за поуспешно справување со корона кризата.

До овој момент, Владата предводена од СДСМ, осигура да се влеат преку 200 милиони евра кај граѓаните и домашното стопанство. Помошта за граѓаните и економијата ќе продолжи и во следните месеци и веднаш по формирањето на новата Влада.

Околу јавниот долг, дозволете да го потсетиме губитникот Мицкоски дека во 2007 година вкупниот јавен долг бил 1,7 милијарди евра. Во 2016 година, девет години по криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 4,7 милијарди евра. Тоа се 3 милијарди евра повеќе, односно 6,000 евра долг по семејство.

Притоа секое семејство беше посиромашно и со пониски примања, наспроти секоја претходна година. За разлика од 2020 кога задолжувањето се прави за справување со најголемата светска здравствена и економска криза и притоа истите се користат за да се поддржи секој еден граѓанин и секако да се поддржи домашната економија. Платите растат, приходите кај граѓаните се зголемуваат, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Податоците се кристално јасни: приходите во јули во буџетот на државата не само што се над сите оптимистички сценарија туку го надминале и износот кој од даноци е наплатен во истиот месец од 2019 година.

Откако покажа дека не знае економија, губитникот Мицкоски нека се занимава со решавање на проблемите внатре во сопствената партија. На 15 јули народот не му даде власт ниту нему ниту на неговата нереформирана и корумпирана ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како одговорна партија во следниот четиригодишен мандат ќе покаже како се работи одговорно и посветено во интерес на државата, граѓаните и економијата. Ќе покажеме дека можеме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите.

Центар за комуникации со јавноста – СДСМ

 

 

Back to top button
Close