Костовски: Ако го загорозивме банкарскиот систем зошто не покренат кривични против сите учесници на пресот?

Соопштенијата на Комерцијална банка, Народна банка, замислете од Советот на Нродна банка и Асоцијацијата на банките во Македонија беа клише, вели за „Фокус“ мнозинскиот сопственик на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски за реакциите на неговата прес-конференција на којашто со странски експерти го обелоденија извештајот за пропаѓањето на банката.

-Пресот беше фактографски. Доколку со пресот го загрозивме банкарскиот систем во Македонија зошто не покренат кривични пријави против сите учесници. Жално е сознанието дека никој, ама баш никој не е спремен да се зафати во броба против ова општествено зло. Најискрено, не можам да разберам какво општество сме ние. Моите сограѓани по се изгледа сакаат некој друг да ни го „чисти дворот“. Јас не се откажувам, одам до крај, вели Костовски во изјава за „Фокус“.

Back to top button
Close