Костовски јавно побара повлекување на стечајот, затоа што има потенцијални купувачи на банката

Познатиот бизнисмен, Трифун Костовски попладнево во отворено писмо, кој се води како еден од акционерите на Еуростандард банка, јавно ги повикува сите политички партии, сите институции, сите владини, невладини и верски организации, да дадат поддршка Народна банка на Република Македонија, да ја повлече одлуката за стечај на Еуростандард банка и да ја врати во првобитна состојба.

– Легалистите би рекле дека ваквото повлекување на стечајна постапка не е можно согласно Законот за банки. Сакам да ве убедам дека не може законот да биде над интересите на граѓаните.
Потенцијални купувачи на банката се спремни да вложат сериозни средства и да го овозможат нејзиното работење во банкарскиот сектор – вели Костовски во писмото.

Тој вели дека ваквиот чин бара висока доблест и ќе спречи сериозни последици по граѓаните на Република Македонија.

Костовски пишува дека доколку сакаме мир во земјава и спокој на граѓаните, мора да ги имаат во предвид последиците кои ќе се појават во периодот кој следи, а кои таксативно ќе ги наведе.

 

Back to top button
Close