Костовски до oџата од Бутел 2: Проповедај што учи Исламот, а не кажувај да не се гласа за мене само затоа што сум Македонец

Актуелниот градоначалник на скопската општина Бутел, Дарко Костовски кој во недела очекува да добие поддршка за уште еден мандат на чело на општината на социјалната мрежа Фејсбук испрати порака до оџата од џамијата во населбата Бутел 2.

„Сакам лично да го поздравам оџата од џамијата во Бутел 2.

Да му кажам јавно неколку реченици. Оџа на денешната петочна џума требало да проповедаш тоа што го учи исламот како вера, а не да кажуваш дека Aлбанците не треба да гласаат за Дарко Костовски затоа што е Македонец. Па најдобро било да гласаат за ДУИ. (Тие што шајка немаат ставено во Бутел).

Што ти пречи оџа?
Тоа што во Бутел 2 се гради нова градинка за нашите деца?
Тоа што во училиштето Панајот Гиновски Бутел 2, се направи нова фасада?
Тоа што Љуботен после 30 години добива чиста вода?
Тоа што Визбегово доби ново училиште?
Тоа што во Скопје Север се вложуваат повеќе од еден милион евра?
Тоа што пред нова година ќе удриме камен темелник на нова поликлиника?

И за крај, дали и јас по твојот памет требаше да не градам кај Aлбанците само затоа што се Албанци ?

Еден куп Aлбанци ми се јавија згрозени од твојот денешен повик.

Да знаеш дека во недела, целиот народ, меѓу кои и Албанци, многу жестоко ќе го поразат ова ваше мизерно однесување.

Народот сака развој и проекти, сака иднина за нивните деца“ напиша Костовски на ФБ.

Back to top button
Close