Костовски до штедачите: Заедно сме ограбени. Не сте фер

Не доликува вашиот бес да го истурате на човек којшто најповеќе се бори за вас со цел да ви се вратат украдените пари.Вие сте ограбени, ама и јас сум ограбен, напиша Трифун Костовски во реакцијата на  трдењата искажани во соопштението на оштетените штедачи на Еуростандард банка.

„Ги разбирам сите ваши пориви да бидете обесштетени од стечајот на  Еуростандард Банка. Единствено не разбирам што објавувате невистини за учество на моето семејство во криминалот во Еуростандард Банка. Големо ЗОШТО? Дека сум тука и од петни жили се борам да дојдам до вистината? Вие сте ограбени, ама и јас сум ограбен. Не доликува вашиот бес да го истурате на човек којшто најповеќе се бори за вас со цел да ви се вратат украдените пари. Повторувам … вашите и моите украдени пари се тука во Македонија. Мене и моето семејство не ставате на отстрел само затоа што први испаднавме во борбата да докажеме дека е ова организиран криминал, не е чесно ниту фер“, пишува Костовски во реакцијата.

Оштетените штедачи преку соопштение побараа одговорност од раководството на Еуростандард банка и гувернерката на Народна банка бидејќи , како што сметаат, се ограбени по нивна вина.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close