Костовски: Ги повикувам МВР и Обвинителството да отворат истрага за „Еуростандард банка“

Бизнисменот Трифун Костовски објави јавен повик до претседателот на Собранието Талат Џафери, до Обвинителството за организиран криминал, до Антикорупциска комисија и МВР.

Во повикот Костовски бара од овие институции да покренат истрага за затворањето на „Еуростандард банка“.

-Јас, Трифун Костовски ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас, вели Костовски.

Back to top button
Close