Костовски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да му се спротивстават на Мицкоски – ова е историски период и одиме кон ЕУ

Ќе ја искористам можноста на денешнава прес-конференција да апелирам во мое лично име, во името на проевропските сили во државатада се охрабри она проевропско крило во опозицијата особено во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи имаме на една страна крило во партијата кое е тег што ја влече партијата надоле, а за среќа на вистината и за среќа на државата имаме и проевропско крило коешто на реална основа се спротивставува на политиките на Христијан Мицкоски. – изјави денеска пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

„Токму упатувам апел до тие слободоумни, проевропски настроени луѓе да дадат несебична поддршка во периодот што предстои пред нас. Ова е историски период, период којшто од 1991 па навака сите политички партии, сите политичари го имаат ветувано и сега дојде време на нашата генерација да покажеме дека Република Северна Македонија единствено мора да стане дел од ЕУ.“ – порача тој

 

Back to top button
Close