Костовски со низа обвинувања за општина Куманово: Се вршат криминални дејствија пред камери
Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ, денеска во „DailyClick“ на ТВ21 обвини дека во општина Куманово се вршат криминални дејствија пред камери.
„Седниците на општина Куманово одат во живо, ние затоа преку Советничката група реагиравме да не се гласа од страна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, на партијата ЗНАМ, со поддршка од неколкуте советници од ДУИ. Станува збор за еклатантно кривично дело Тргување со влијание односно Злоупотреба на службена должност каде за неколку дена, близок роднина на градоначалникот прави профит од фантастични 350 илјади евра. Тоа е огромна сума, не е ни важна сумата, и 35 евра ако се стекнат на нелегален, криминален начин да одговараш“, вели Костовски.
Тој бара институциите да реагираат, а ќе поднесат и пријави до ОЈО.