Костовски: Советник од ЗНАМ нападна активисти на СДСМ во Куманово

Во пресрет на завршувањето на изборната кампања, членови на штабот на Мартин Костовски, кандидат за градоначалник од коалицијата СДСМ, беа нападнати од страна на Самек Салиевски, актуелен кандидат за советник од ЗНАМ и член на тимот на Максим Димитриевски. Настанот е пријавен во полициската станица при СВР Куманово, рече кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.

„Ја знаеме хистеријата на Максим, знаеме дека е исплашен, меѓутоа денеска дојдовме во полициската станица за да го пријавиме настанот. Ги повикувам органите на прогонот веднаш да постапат“, изјави Костовски.

Дополнително, Костовски бара реакција и од другите надлежни институции:

„Ги повикувам и Државната изборна комисија, како и Јавното обвинителство, да се стави крај на ваквото политичко насилство врз истомисленици и политички противници. Ова веќе не смее да се случува во едно цивилизирано и демократско општество“.

Back to top button
Close