Костовски за ТВ 24: Со изведбата на коридорите, Македонија од кружен тек ќе стане раскрсница на Балканот

Мартин Костовски од СДСМ во емисијата „24 анализа“, на ТВ24 рече дека изградбата на коридорите е стратешки чекор на државата и историски чекор.

– Секоја политичка партија го имаше во предизборните програми, но не успеа да го реализира. Овој проект многу ќе значи за државата, за стопанството и бизнис секторот и Македонија од кружен тек ќе стане раскрсница на Балканот. Она што значеше промена на законските решенија во собраниска процедура значи доуредување на постоечките закони за побрзо и поквалитетно изедување на стратешките проекти. Оваа држава мора да оди напред, изјави Костовски.

Back to top button
Close