ВИДЕО: Ковачевски на папата му подарил бројаница со охридски бисер и филигран, плоча од Влатко Стефановски…

Премиерот му подарил и рачно изработен фрагмент со калиграфско пишување на рачна изработена хартија од пофалното слово на Свети Климент Охридски

На денешната средбата на премиерот Димитар Ковачевски и папата Франциск, премиерот му дал неколку подароци.

Како што соопштија од Владата, Ковачевски на папата му подарил рачно изработен фрагмент со калиграфско пишување на рачна изработена хартија од пофалното слово на Свети Климент Охридски, бројаница со традиционален охридски бисер и филигран, како и винил плоча од македонскиот виртуоз Влатко Стефановски.

Средбата и аудиенцијата кај папата Франциск се една од централните активности на македонската делегација од програмата за чествување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Back to top button
Close