Ковачевски-Агелер: Реафирмирано стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, на која се потврди долгогодишното стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и САД, како и силната поддршка за евроинтеграциите на земјава.

Како што соопштија од прес-службата на Владата, амбасадорката Агелер упатила јасна порака дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе бидат искрен партнер и пријател на државава, кои ќе даваат поддршка и за реформските процеси со цел да се обезбеди подобар живот за граѓаните.

На состанокот се разговарало и за конкретните чекори што државата ги презема во борбата со корупцијата.

 

-Амбасадорката на САД, Агелер потенцираше дека намалувањето на корупцијата влијае врз развојот на државава во сите сфери. Според неа, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на државата со тоа што влијае врз забавувањето на економскиот раст, стои во соопштението.

Премиерот Ковачевски, пак, посочи дека судството и обвинителството треба да функционираат независно, а случаите на коруптивни пракси треба да се пријавуваат, се наведува во соопштението од Владата.

Back to top button
Close