Ковачевски- Џамбаски е политички маргиналец. Дискусијата за него би им ја оставил на таквите како него дома и во Бугарија

Министерството за надворешни работи ја изрази својата реакција преку нота во која точно ги адресираше заканите кои во однос на добрососедските односи ги направија овие политичари од соседна Бугарија. Сметам дека МНР реагираше соодветно. Ова е одговорот на премиерот Димитар Ковачевски на денешното новинарско прашање дали планира да преземе некоја пожестока реакција по повод изјавата на Ангел Џамбаски во саботата на одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева.

Според Ковачевски, станува збор за политички маргиналци и дискусијата со нив би им ја оставил на политички маргиналци од нашата држава.

Јас претставувам влада што комуницира со влада на соседна Бугарија и гледаме дека тонот на комуникација со официјалните институции од Бугарија е на многу повисоко ниво во однос на она што беше во минатото. Меѓутоа, сепак, иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Токму тоа им е целта, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите не Република Северна Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработка и подобрување на билатералните односи“,рече Ковачевски.

Тој додава дека МНР побара од официјална Софија да се огради од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните во С Македонија и сериозно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји.

На прашањето дали ќе побара некакви санкции, па дури и забрана за влез во земјава за овие бугарски политичари, Ковачевски вели дека целта на секој политички маргиналец е да стане популарен преку вакви активности.

„Нема да им ја исполнам желбата да станат популарни бидејќи тие не се популарни ниту во своите држави и таму не можат да влезат во парламент“,нагласи Ковачевски.

Back to top button
Close