Ковачевски-Брнз: За трајна енергетска независност на С.Македонија потребно е интензивирање на економската соработка со САД

На средбата помеѓу премиерот Ковачевски и амбасадорката на САД, Брнз се разговараше за продолжување на економската соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на поттикнување проекти и инвестиции кои на С.Македонија ќе и овозможат трајна и одржлива енергетска независност

Претседателот на новата Влада на С.Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите американски држави, Кејт Мари Брнз, која му посака успех во спроведувањето на целите на новиот владин кабинет, меѓу кои и соработката со САД како стратешки партнер на земјата.

На средбата помеѓу Ковачевски и Брнз се разговараше за продолжување на економската соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на поттикнување проекти и инвестиции кои на С.Македонија ќе и овозможат трајна и одржлива енергетска независност.

Меѓу другото, на средбата беше истакнато и дека С.Македонија и регионот остануваат важен геостратешки интерес за Вашингтон и во таа насока од клучна важност за САД е деблокиање на евроинтеграцискиот процес на земјата и одржување на првата меѓувладина конференција со Брисел и отворање на првите поглавја во процесот за членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски на работната средба со амбасадорката Брнз нагласи и дека најавената посета на премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков и на членовите на неговата Влада, е добра порака која најавува сериозен исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање решенија кои ќе бидат прифатливи за двете страни.

Амбасадорката Кејт Мари Брнз, пак, потенцираше оти за САД односите меѓу двете земји, како најблиски соседи и сојузници во НАТО, е од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ

 

Back to top button
Close