Ковачевски: Да бидеме на вистинската страна како што биле Ацев, Наумов, Рацин, Шабани, Ибе Паликуќа…

Во говорот по повод 11 Октомври, премиерот Димитар Ковачевски порача дека Македонија секогаш била на вистинската страна низ историјата, а така треба да биде и денеска.

-Свесен сум за загриженоста која ја предизвикуваат спорадичните и иритирачки провокации кои и намерно се стимулираат во земјава од страни чии интереси се спротивни на нашите државни интереси. Согласно законите ќе се се справуваме со овие ситуации.

Верувавме дека како и за се досега, нашата мудрост е клуч за предивиците.

Оние кои се зарабени во историјата, ја заробуваат и историјата во себе и така таа станува нивна кочница. Но, ние имаме европски поглед кој е насочен кон иднината, врз база на историјата од која учиме и која ја славиме и денеска. Така нејзината вредност води напред и не поставува на вистинската страна.

Тоа е поглед напред како што го имале Мирче Ацев, Стив Наумов, Коста Солев Рацин, Бајрам Шабани, Карпош, Ибе Паликуќа и многу знајни и незнајни борци кои дејствувале по примерот на Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Никола Карев, Питу Гули, а за чии подвизи пишувале Славко Јаневски, Ацо Шопов, Блаже Конески. Се пишува и денес, а ќе се пишува и навек на македонски јазик.

Чест и гордост ми е што сум Македонец, чест и гордост ми е што сум роден во Куманово, порача Ковачевски

Back to top button
Close