Ковачевски: Да простуваме и да ни биде простено

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во име на Владата и во свое лично име, упати честитка за празникот Велики поклади – Прочка.

-Пораката од денешниот празник е благородна и исполнета со човечки вредности, затоа што големината на човекот е во простувањето. Да простуваме и да ни биде простено, да продолжиме по патот кон градење успешно и среќно општество со рамноправни граѓани. Да се почитуваме меѓусебно, да се обединиме сите заедно околу вистинските вредности и да обезбедиме мир, пријателство и благосостојба за секој граѓанин.
Меѓусебното разбирање и почит се основата за да можеме да градиме интегрирано општество каде ќе се почитуваат човековите права и ќе се развиваат демократските вредности. Нека е честит и за многу години празникот, вели премиерот во честитката.

Back to top button
Close