Ковачевски: Да се воздржиме од шпекулации, процесот ќе биде транспарентен

 

Ова е прво обраќање на Ковачевски во јавноста околу конечниот текст на францускиот предлог за деблокирање на македонските евроинтеграции, што денеска пристигна во Владата.

Ковачевски рече дека денеска е пристигнат во Владата по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт документите. Официјалните ставови ќе бида соопштени откако ќе завршат сите консултации со широката јавност.

Да се воздржиме од шпекулации , процесот ќе биде транспарентен, рече Ковачевски. Во однос на ставовите на Бугарија, особено откако имаше драфт идеи, речено е дека идентитетските прашања не може да бидат дел од овој документ и тоа е она што можам да го потврдам.

Back to top button
Close