Ковачевски – Де Кро: Неопходно е брзо решение со Бугарија и старт на преговорите

Неопходно е брзо изнаоѓање решение меѓу Северна Македонија и Бугарија за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ како стратешка одлука за Брисел од аспект на безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина, истакнале на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и неговиот белгиски колега Александар Де Кро.

 

На средбата, во рамки на работната посета на Брисел на Ковачевски,  двајцата премиери изразиле задоволство од блиските и пријателски односи меѓу Северна Македонија и Кралството Белгија, засновани на взаемна доверба и заедничка визија за слободна и демократска Европа.

-Премиерот Ковачевски  на средбата истакна дека, покрај исклучителните билатерални врски, Белгија е важен партнер на Северна Македонија во НАТО и во другите мултилатерални меѓународни организации и силен поддржувач на нашата интеграција во ЕУ. На средбата двајцата премиери ја потврдија согласноста дека е неопходно брзо изнаоѓање решение меѓу Северна Македонија и Бугарија за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ како стратешка одлука за Брисел од аспект на безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина, соопшти владината прес-служба.

Ковачевски и Де Кро, стои во соопштението, изразија остра осуда за Руската воена агресија на Украина и ја оценија како сериозна закана за мирот и стабилноста на Европа.

Премиерот Ковачевски го поканил белгискиот колега Александар Де Кро да ја посети Северна Македонија во рамки на претстојниот Преспа Форум и истакнал дека тоа ќе биде дополнително зајакнување на позитивниот тренд за унапредување на политичкиот дијалог и поттик за посилна економска соработка.лв/см

Back to top button
Close