Ковачевски денеска ќе ги собере коалициските партнери на состанок во Владата

Денеска попладне, коалициските партнери на СДСМ ќе седнат на состанок со премиерот Димитар Ковачевски, во Владата. По средбата се очекува премиерот да одржи и прес-конференција на која ќе присуствуваат и лидерите на партиите во власта.

Ковачевски пред два дена во изјава за медиумите најави целта е да се реафирмира ставот дека парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, заедно со претседателските.

„Граѓаните ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на сè она што треба една влада да го обезбеди во услови на најголема криза“нрече Ковачевски во петокот одговарајќи на новинарско прашање.

Според неговата изјава, се очекува да се зборува и за тоа што досега е направено за справување со кризата, но и какви мерки ќе се преземат во иднина.

Веројатно како тема на состанокот ќе се наметне и францускиот предлог што беше доставен до властите во Бугарија за кревање на ветото за почетокот на преговорите. Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, вчера изјави иако средбата на коалицијата била закажана уште претходно, со оглед дека коинцидира со доставување на предлогот не ја исклучува можноста тоа да биде доминантна тема и изрази подготвеност да отиде и да ги објасни нашите ставови

Back to top button
Close