Ковачевски ќе го пречека Столтенберг

Премиерот Димитар Ковачевски попладне ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Веднаш по церемонијата предвидена е тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации – информираат од владината прес-служба.

Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.

Потоа, Ковачевски и Столтенберг ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Back to top button
Close