Ковачевски: Ќе направам граѓаните пак да имаат стандард како што имавме во Југославија

Премиерот Димитар Ковачевски при презентација на американските инвестиции во Македонија рече ќе направи се да обезбеди македонските граѓни пак да имаат поголем стандард од граѓаните на земјите од Источна Европа, кои сега се членки на Европската Унија.

„Нашата држава потекнува од поранешната југословенска федерација. Во тоа време имавме подобар стандард и од Словачка, и од Чешка, и од Романија, и од Полска, и од Бугарија, и од сите земји кои што станаа земји членик на ЕУ. Јас ќе ги донесам и предводам сите потребни одлуки кои што ќе обезбедат граѓаните на Северна Македонија повторно да имаат поголем стандард од сите граѓани од кои порано сме имале поголем стандард, бидејќи тоа нашите граѓани го заслужуваат. На тој пат сметам и на поддршката од нашите стратешки партнери, пред се САД и земјите членки на ЕУ“, рече Ковачевски.

Американските инвестиции во земјата премиерот ги претсави заедно со американскиот сенатор Марфи, кој е во посета на земјата, а со кој Ковачевски се сретна во Вашингтон пред неколку недели.

Ковачевски рече дека благодарение на поддршката на пријатели како САД, Македонија е земја со подобрена економска и безбедносна состојба.

Back to top button
Close