Ковачевски ги испрати кај пратениците антикризните мерки: Ќе штедат и институциите и политичарите

Еден отсто од малите потрошувачи и домаќинства трошат 20 отсто од струјата и се разгледува можност тие да плаќаат повеќе, најавува премиерот

 

Една од препораките до министерствата и институциите е максимално да се рационализираат трошоците, изјави премиерот Димитар Ковачевски во гостување на ТВ 24. Тој додаде дека тоа не се однесува само на службените возила, туку и на трошењата за репрезентација и службени патувања.

„Сите слободни средства од министерствата и јавните претпријатија се пренаменуваат за справување со енергетскат акриза. Мора да се одржи ликвидноста на сите компании во енергетскиот сектор. Не може да бараме од граѓаните да штедат, ако примерот не го дадат политичарите“,рече Ковачевски.

Тој најави дека уште утре пред пратениците ќе се најдат измените на законите кои се важни за имплементацијана мерките што Владата ги определи за ублажување на кризата.

Back to top button
Close