Ковачевски ги посети пазарџиите во Ѓорче Петров: Подготвени сме да се соочиме со сите предизвици, никој нема да биде оставен сам

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги посети пазарџиите во скопската населба Ѓорче Петров од каде порача дека има голема почит за трудот на земјоделците и дека Владата ќе воведе нов модел за финансиска поддршка на земјоделството со кој ќе ги мотивира земјоделците да произведуваат повеќе храна, соопштија од СДСМ.

„Годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна. Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна македонска храна е наше богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, а ние, даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме“рече Ковачевски.

Тој посочи дека владата којашто ја предводи навреме презела соодветни мерки за обезбедување храна, струја и енергенси за заштита на стандардот на граѓаните, на ранливите и на компаниите.

„Го максимализиравме производството на струја од домашните капацитети, постојано го зголемуваме домашното производство и вклучуваме нови капацитети. Реализираме два пакети антикризни мерки од 700 милиони евра. Струјата за граѓаните ја субвенционира, ја плаќа државата, во висина од 80%, како и за 72 000 компании. Подготвени сме за соочување со сите предизвици никој нема да биде оставен сам, заедно ќе успееме“рече Ковачевски.

По средбите со граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров претседателот на СДСМ одржа и работен состанок со членовите и симпатизерите на СДСМ од оваа населба во локалното седиште на партијата.

Back to top button
Close