Ковачевски го означи крајот на грејната сезона: Струја и парно имаше, рестрикции немаше

Сега, кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите што ги постигнавме и на заедничкиот успех. Кризата ја претворивме во можност. Во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство донесе стабилна цена. Планот даде резултат, рече Ковачевски

Во изминатата грејна сезона, за октомври, ноември, декември, јануари, февруари, март, имаме вкупно домашно производство на електрична енергија од 2,7 милиони мегават-часа. Во споредба со претходната грејна сезона, има зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45 отсто, односно за шест месеци минатата година се произвеле вкупно 1,8 милиони мегават-часа електрична енергија, истакна премиерот Димитар Ковачевски при неговата денешна посета на РЕК „Битола“ каде што заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и со генералниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, го означи крајот на грејната сезона за оваа година.

Премиерот Ковачевски истакна дека во услови на светска криза домашното производство е зголемено и ЕСМ наместо законски предвидените 60 отсто производство на електрична енергија, во целост, односно 100 отсто обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.

„Паралелно, го презедовме греењето со топлинска енергија во главниот град. Сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична и топлинска енергија беше фокусот во планот што го изработи и спроведе Економско-енергетскиот тим. Сега, кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите што ги постигнавме и на заедничкиот успех. Кризата ја претворивме во можност. Помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската Унија, со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти. Во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот”рече Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека неговото министерството, како надлежна институцијата за енергетскиот сектор во државата, од почетокот на грејната сезона работело секојдневно со сите надлежни институции од енергетскиот сектор и носело мерки со цел успешно пребродување на енергетската криза.

 

„Можам да кажам дека сите заедно успеавме во тоа. Сега пред нас стојат нови предизвици, а тоа е пред се енергетската трансформација и зголемување на енергетската независност. Во наредниот период ќе продолжиме да работиме засилено и посветено во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори што ќе донесе поголема независност. Фокус, исто така, ќе биде и подготовка на следната грејна сезона која сум сигурен дека со новиот менаџмент на ЕСМ успешно ќе ја поминеме. Потрошивме најмалку средства споредено со земјите од регионот за справување со енергетската криза и обезбедивме непрекинато снабдување со електрична енергија за домаќинствата и компаниите. Така ќе продолжиме и понатаму. Благодарност до сите вработени во ЕСМ, работниците, менаџментот и сите оние што беа вклучени во ова успешно справување со енергетската кризарече Бектеши.

При посетата на РЕК „Битола“, премиерот Ковачевски им додели благодарници за вработените кои работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна

Back to top button
Close