Ковачевски го праша Мицкоски дали од странски поличари бара власт во замена за промена на Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски од партиска трибина во Куманово го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори дали бара од странски политичари да му помогнат да дојде на власт, а кога тоа ќе се случи ќе го смени Уставот.

„Дали на странските политичари кои доаѓаат во Северна Македонија, вклучително и на домашните политичари, на состаноците кои ги има со нив им вели: Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот. Нека одговори, па нека чујат и странците и нашите граѓани“,рече Ковачевски во своето обраќање на партиската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ што вчера вечер се одржа во Куманово.

Ковачевски рече дека неговиот политички опонент Мицкоски е човек без визија и став, а лидерот на Левица, Димитар Апасиев, „пироман со визија за хаос и меѓуетнички тензии“.

Мицкоски вели храброста се мерала со барање за предвремени зибори. Не е тоа храброст, храброст не е да седиш на страна, да правиш штета и да бараш предвремени избори. Храброст е да завиткаш ракави и да обезбедиш антикризни мерки, храброст е да се обезбеди македонскиот идентитет еднаш засекогаш за да не им се оставаат нерешени прашања на идните генерации, а најголема храборста е да донесеш одлука за иднината на земјата. Немаш храброст Мицкоски и тоа граѓаните го препознаваат. Еднаш на аеродром му велиш на (поранешниот н.з.) бугарски премиер Бојко Борисов го поддржувам Договорот со Бугарија, еднаш на Кирил Петков (поранешен премиер н.з.) му вели да ќе поддржи уставни измени, а потоа на пратениците им вели донесете нотарски изјави дека нема да гласате за уставни измени. Потоа излегува и вели дека ако Европа ни даде гаранции ќе поддржам уставни измени. Тоа ли е човек со став“,рече премиерот и лидер на СДСМ, Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, во повеќе наврати истакна дека пратениците од опозициската партија нема да гласаат за уставни измени и оти бара одржување на предвремени избори, како своевиден референдум за ова прашање.

Back to top button
Close