Ковачевски го впери прстот кон ВМРО ДПМНЕ и Арсовска- Утринава едвај излегов од Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски утринава едвај излегол од Скопје за да го посети Тутунскиот комбинат во Прилеп, а за тоа тој прстот го вперува кон градоначалничката Данела Арсовска и кон ВМРО-ДПМНЕ кои, како што вели, „ја заглавиле државата 11 години“.

Така како што успеаја да ја заглават државата 11 години, ниту еден милиметар во европски интеграции, раскарани внатре, раскарани со сите соседи, јас би им порачал власта која што имаат во Скопје да земат да ја практикуваат затоа што од Скопје денес едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници. Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа бесплатен автобус, ветуваа брда и долини… Во моментов Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има какво било поместување на кој било капитален проект, кој им го остави минатата власт – рече Ковачевски.

Според него, не може на ВМРО ДПМНЕ да му биде изговор дека се скарале со градоначалничката, која што е нивен кандидат, бидејќи тие ја промовираа по Скопје.

– Не може, сега знаете, се скаравме и за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа. Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините. Не сакам да зборувам за Општина Прилеп – рече Ковачевски.

Тој истакна дека пред точно една година ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои 50 општини во државата.

– Тие освоија локална власт во главниот град во државата. Она што треба да прават е да се фатат за работа – рече премиерот

Back to top button
Close