Ковачевски и Агелер одржаа состанок со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во МФ на САД

Премиерот, Димитар Ковачевски заедно со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер денеска одржале видео-конференција со потсекретарот за тероризам и финансиско разунавање во Министерството за финансии на САД, Брајан Нелсон.

На состанокот одржан преку видео-врска, како што соопштија од Владата, главен фокус бил ставен на актуелните меѓународни случувања, спречувањето и сузбивањето на перење пари.

Премиерот Ковачевски посочи дека борбата е заедничка и преку партнерскиот пристап помеѓу сите демократски меѓународни партнери, е насочена кон јакнење на отпорноста на нашето општество и целосно сузбивање на влијанието и обидите за дестабилизација“, се вели во кусото соопштението од Владата за состанокот.

Back to top button
Close