Ковачевски: И јас сум човек и граѓанин, кој сака да види средена држава со оптимизам и внатрешна позитивна енергија

„Време и место за евтина политика не треба да има, на такви популисти нема да губиме енергија. Сосема сум свесен за последиците од децениските разочарувања, стоење во место, политичките препукувања, кризите од надвор и внатре. И јас сум човек и граѓанин, кој сака повеќе, подобро, побрзо. Сака да види средена и држава со оптимизам и внатрешна позитивна енергија“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Скопје. ‘

Тој додаде дека со таа обврска за да успееме тој живее и работи од првиот ден како премиер, бидејќи лично ја има најголемата обврска и одговорност. „Токму затоа, сакам да повикам на доверба од Вас почитувани граѓани. Да побарам поддршка не за едни, за сметка на други. Да побарам поддршка за единствените, заедничките, вистинските одлуки. Да побарам поддршка конечно да ги научиме грешките од минатото, и најважно од сѐ, да не ги повториме. Да побарам поддршка да не броиме жртви, но да броиме мали, секојдневни победи и успеси во секојдневниот живот“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека ова е ново време кое треба да даде простор и поддршка на знаењето, на чесните и конструктивни граѓани кои бескомрпмисно си ја сакаат држава. „Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата.Ова е време да покажеме дека европската интеграција значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и здрава животна средина. Да покажеме конкретно дека можеме и ние да бидеме држава, во која се признава и наградува доброто и чесното, а се казнува лошото и криминалното. Да покажеме дека сите сме исти пред Уставот и законите, на дела, не само со зборови. Јас имам таква визија, јас имам таква обврска пред себе, пред вас и пред сите граѓани. И најважно од сѐ, имам и верба, и волја и оптимизам дека можеме да направиме многу“ рече Ковачевски.

 

Back to top button
Close