Ковачевски и Кривокапиќ: По НАТО, С Македонија и Црна Гора се фокусираат на заедничките ЕУ перспективи

Премиерот Димитар Ковачевски во Лондон каде присуствува на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан, се сретнал со црногорскиот колега Здравко Кривокапиќ со кои порачуваат дека по членството на двете држави во НАТО, сега заедничките фокуси се на ЕУ.

„Ковачевски и Кривокапиќ на средбата изразија заедничко задоволство од одличните традиционални партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, кои се без отворени прашања и засновани на меѓусебно почитување и заемна доверба. Двајцата премиери истакнаа дека редовните средби на највисоко ниво ја потврдуваат силната посветеност на двете земји за уште поинтензивна соработка, која после сојузништвото во НАТО природно е упатена кон заедничките ЕУ перспективи -соопштија од Владата.

Тие зборувале да ја унапредат и регионалната соработка за да се обезбеди европска перспектива за двете држави, како и да ги искористат потенцијалите за поголема соработка во туризмот од што корист ќе имаат економиите.

 

„Како земји членки на НАТО, премиерите на Северна Македонија и Црна Гора, Ковачевски и Кривокапиќ ја осудуваат воената агресија на Русија против Украина и ја оценија како кршење на меѓународното право и како закана за глобалната безбедност -додаваат од Владата.

 

 

Back to top button
Close