Ковачевски: Имаме Влада со целосен политички и легален легитимитет

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Владата има целосен политички и легален легитимитет за да остане на власт. Посочува и дека оваа има дури и поголем легитимитет од претходната на Зоран Заев.

-Легитимитетот Владата се црпи од Собранието. И ако го погледнеме легитимитетот на оваа Владаа, таа има и поголем во однос на претходната, со оглед на тоа што 64 пратеници ја поддржуваат, дополнително и уште една политичка партија. Тоа е партијата Алтернатива, вели Ковачевски.

Рече дека при формирањето на Владата биле вклучени и програмските определби на оваа партија. Вели, дека Владата има партнери со целосно усогласена програмска шема и програма и која ги вклучува клучните програмски определби на партнерите.

Back to top button
Close