Ковачевски: Имавме силна порака од Штајнмајер, не треба самите да ставаме кочница како опозицијата

Премиерот Димитар Ковачевски ја оцени како исклучително значајна посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, како што вели, со оглед на значењето, на големината на Германија како земја членка на ЕУ, како една од најсилните економии и држава од која зависат голем број на процеси во Европа.

t

Ние со Германија имаме исклучително високо ниво на поврзаност од многу аспекти. Германија е наш пријател 31 година, помага во унапредувањето на нашето општество, во голем број на области. Ако ја погледнете нашата економија, таа е најмногу поврзана со германската економија. Голем број на наши сограѓани живеат и работат во Германија и голем дел на девизни дознаки кои доаѓаат од странство се токму од Германија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека пред само неколку месеци не можело да се претпостави дека германски претседател во Собранието, низ директен пренос ќе ги цитира и Блаже Конески и Петре М.Андреески и дека јасно ќе каже дека македонскиот јазик и идентитет се добредојдени и очекувани да го збогатат европското семејство и европската култура.

„Таа порака е многу силна за сите пратеници во собранието и ќе повторам дека како што кажа и германскиот претседател не треба самите себе да се кочиме на патот кон полноправно членство во ЕУ. Сите пратеници во Собранието тоа го должат на граѓаните. Не само на нашата генерација туку и на идните генерации бидејќи генерациите заслужуваат да живеат во европска држава меѓутоа во својата држава – Северна Македонија, а не во некои други држави каде што бараат подобар живот. Мојата порака е дека сите политички партии и сите пратеници во парламентот имаат обврска кон граѓаните да ги носат одлуките кои се пред нас. Со цел што побрзо зачленување во ЕУ. Сметам дека однесувањето на блокада без причина, а сите гледаме дека е без причина бидејќи сите оние инсинуации, шпекулации, невистини кои беа кажувани во текот на мај, јуни, јули па и август дека со прифаќањето на европскиот предлог ќе бил доведен во прашање МК јазик. идентитет и култура се покажаа како апсолутни невистини. Се покажаа како невистини на на најдобар начин и тоа преку потпишувањето на ФРОНТЕКС договорот на чист МК јазик со сите 27 земји членки на ЕУ“, кажа Ковачевски.

Back to top button
Close