Ковачевски изрази сочувство за смррта на д-р Владимир Глигоров.
Премиерот Ковачевски изрази сочувство за смррта на д-р Владимир Глигоров.
-Длабоко сочувство до семејството за ненадејната смрт на д-р Владимир Глигоров. Д-р Глигоров беше познат политиколог и економист чии што истражувања имаа придонес во политиките на државите во регионот.
Неговите анализи во делот на макроекономијата, финансии како и економскиот раст на земјите во транзиција, и натаму ќе бидат користени како патоказ при креирање на економските политики.
Слава му!- напиша премиерот на фејсбук.