Ковачевски- Кај нас постојат и политички партии финансирани од надвор да работат против нашето членство во ЕУ

360°: Петков даде изјава дека руски шпиони работеле против добри односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, тамошното обвинителство соопшти и дека отвора предмет. Имате ли вие повеќе сознанија околу ова? Ковачевски: „Јас немам причина да не му верувам на премиерот на Бугарија, особено што неговата изјава се базира на информации што тој ги има и така и кажа споделени од службите задолжени за тоа, детали немам, но сигурно дека она што ќе биде за споделување со јавноста нивните агенции за безбедност тоа ќе го соопштат.“ Ковачевски во 360° зборуваше за руското присуство во Северна Македонија 360°: А, имате ли информации за такви активност на територијата на Северна Македонија? Ковачевски: „Тоа се класифицирани информации кои не можат да споделуваат со јавноста, но можам да ви кажам дека постојат поединци, но и групи, би рекол маргинализирани, постојат дури и политички партии во државата кои се финансирани од трети држави кои не сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ и кои работат против евентуален договор меѓу Бугарија и Северна Македонија.“ 360°: Дали протерувањето на петмина руски дипломати е поврзано со овие активности? Ковачевски: „Протерувањето на пет руски дипломати е, според МНР, поради тоа што тие излегле од своите мандати што ги имале во државава, а кои се дефинирани во Виенската конвенција. Тоа е направено врз основа на сознанија на Агенцијата за разузнавање и не можат да се споделуваат такви класифицирани информации во јавноста. “

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close